Дел од Чешка остана без струја

од desk2
22 прегледи

Прага, главниот град на Чешка, и неколку други градови во земјата денеска еден период беа без струја.

Во Прага струја снемало кога највероратно поради преоптоварување се исклучила трафостаница во Ходра.

Струја немаше на целиот потег источно од реката Влтава, поради што не сообраќаа метрото, трамваите и тролејбусите. Десетици луѓе биле заробени во лифтови.

По еден час интервенции, напојувањето со струја беше обновено.

Прекини имаше и во неколку други градови во Чешка – Млада Болеслава, Усти над Лабем и Храдец Кралове.

Слични содржини