Иако Реал Мадрид се претстави силно од почетокот на сезоната, во соблекувалната на тимот владее сериозна тензија, тврди „Ди Атлетик“.
Неколку играчи на шпанскиот клуб се незадоволни од тренерот Карло Анчелоти и тоа се заканува да има негативно влијание врз резултатите на тимот.
Сигурно меѓу оние на кои не им се допаѓа нивниот статус е и Лука Модриќ. Хрватскиот ветеран се помалку е во стартниот тим, иако викендов влезе од клупата против Севиља при победата од 1-0.
Арда Ѓулер, Начо Фернандез и Кепа Аризабалага се исто така во затегнати односи со Анчелоти. Ѓулер пристигна со големи надежи минатото лето од Фенербахче, но беше повреден и едвај играше од неговото опоравување. Начо чувствува дека ја нема целосната доверба од главниот тренер, кој неколкупати го менуваше кога работите не одеа добро за Реал, а Кепа е фрустриран од неизвесноста кој меѓу него и Андриј Лунин е почетниот голман.
„Белите“ се на врвот во Ла Лига со 65 бода – шест повеќе од второпласираната Џирона. Во Лигата на шампионите, Реал е во осминафиналето и го доби првиот натпревар против РБ Лајпциг со 1:0.