Дел од мештаните на Грчец насилно приклучиле струја и направиле огромна штета, ЕВН е на терен

од Nikola Popovski

Противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем поради што без снабдување со електрична енергија денес останаа и корисниците на дел на територија на Сарај, информираат од ЕВН.

По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија.

-Вчера, во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна и неповратлива штета на целиот дистрибутивен систем во регионот.

Во моментот Електродистрибуција е на терен со придружба на полиција и се обидува да го врати напојувањето што поскоро на што е можно повеќе корисници, стои во соопштението на Електродистрибуција.

Од ЕВН објаснуваат дека во селото пред два дена околу 8 часот наутро настанал дефект кој е последица на кражбите на електрична енергија од страна на мештаните, односно неовластено и неконтролирано користење. Нивните екипи често се соочуваат со вербални и физички напади поради што во целост се нарушува работењето.

Слични содржини