511
Блерим Беџети, претседателот на општина Сарај и еден од членовите на „Огнената група“, смета дека како фракција во ДУИ не треба да формираат посебна политичка партија.
-Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција во рамки на ДУИ и треба разликите да ги решаваме внатре во ДУИ. Не затоа што Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта се против формирање на нов политички субјект, туку затоа што нема потреба од тоа, бидејќи така се распарчува албанскиот електорат, рекол Беџети во разговор за „Журнал“.
Негира дека имале соработка со други партии, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ.
Предводникот на „Огнените“ Изет Меџити пред неколку дена рече дека не исклучува формирање на ново политичко движење, потенцирајќи дека „сите опции се на маса“.