„За седум години власт, СДС наместо да набавува опрема и возила за службите, единствено набавуваше комотни возила за своите функционери. Да се грижеа СДС за состојбите за пожарите, како што сега во опозиција глумат, немаше да не остават ниту еден исправен канадер, летало или пак возило за гасење пожари“, соопштија од владејачката партија.
„СДС за време на нивното владеење, додека пожарите беснееја низ државата, тераа одмори по грчките плажи, наместо да се вклучат активно во нивното гасење. Од ова произлегува само едно, дека СДС е партија која гледа само себе и се води од максимата колку полошо на другите и на државата, толку подобро за нив“, тврдат од Белата палата.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека голем дел од пожарите се подметнати, за што постојат и докази, а постојат сомневања, како што велат, дека дел од нив се потпалени од лица блиски до поранешните владини коалициони партнери, СДСМ и ДУИ.