Дел од уапсените во акцијата се поврзани со пукањето во Палас, потврди МВР

од Aleksandar Todeski
331 прегледи

Дел од приведените од денешната голема акција на МВР се врзани со пукањето во Александар Палас, потврди Сузана Прањиќ Талевска од МВР. Таа додаде дека лицата се можни членови на криминлани групи во регионот на Скопје.

„При претресите биле пронајдени и одземени  патнички моторни возила, пиштоли, пушки, рамки за муниција и муниција, куршуми различен калибар, панцирни елеци, преносни компјутери, мемориски стикови, опрема за видео назвор, мобилни телефони со сим картички, пари во  различни апоени, прашкаста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја и др. Пред и за време на акцијата, а поради сомнение за инволвираност во наведените кривични дела од слобода се лишени лицата Ф.Л.(47) од с.Грчец, општина Сарај, М.Љ.(38) од с.Грчец, Е.П.(43) од с.Арачиново, Б.А.(34) од с.Арачиново, Ш.М.(28) од с.Арачиново, Ш.М.(34) од с.Арачиново, Ќ.Љ.(28) од с.Грчец, Н.С.(56) од с.Грчец, И.С.(29) од с.Грчец и Ј.С.(30) од с.Грчец“, рече Прањиќ Талевска.

Лицата биле приведени по документирани кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „загрозување на сигурноста спрема службено лице“, како и сомненија за инволвираност во вршење на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Во акцијата, која почнала во 5 часот наутро врз основа на судски наредби, извршени се претреси на 34 локации кај 32 лица во населените места Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар со цел обезбедување и пронаоѓање на материјални докази кои потекнуваат од извршени кривични дела. Од дванаесетте уапсени, десет лица биле поврзани оваа акција, а две биле уапсени бидејќи биле поради други кривични дела, неповрзани со акцијата на МВР.

Локално претходно информираше дека акцијата е поврзана со случувањата во Александар Палас и дека помеѓу повеќето локации во кои опреира МВР се селата Грчец и Арачиново.

А.Т.

Слични содржини