Хуан Мартин дел Потро откри на социјалните мрежи дека не е сигурен дали ќе може да игра
повторно тенис. 30-годишниот Аргентинец доби нова фрактура на коленото во Квинс, кога се лизна
на тревата за време на натпреварот со Денис Шаповалов во средата, а потоа се откажа од
понатамошно учество во турнирот.

По направениот скенер во четвртокот откри дека тој добил фрактура на десното капаче – истата
повреда која го извади од игра за последниот месец од 2018 и го ограничи до пет турнири од
почетокот на 2019.
Аргентинецот призна во видео објавено во Инстаграм дека повредата може предвреме да стави
крај на неговата кариера.
„Како што може да се замисли, тоа е тежок момент за мене. Тажно е што треба повторно да помина
низ тоа“, започна шампионот од Ју Ес Опен 2009.
„Јас не го очекував тоа. Не знам што ќе се случи сега. Се надевам дека моето колено ќе се опорави
целосно. Ако натпреварот со Шаповалов се покаже последниот во мојата кариера, тогаш не знам.
За време на рехабилитацијата, ќе размислам уште посериозно. Ќе знам подобро како се чувствува
моето тело“, заклучи тој.
Откако го освои УС Опен во 2009, Дел Потро така и не успеа да покаже постојаност во играта,
бидејќи беше придружуван од три операции на левата рака и една на десната. Тој покажа знаци на
враќање кон најдобра форма откако се искачи до број 4 во светот во јануари.