„Дела на хартија“ – изложба на Стефан Младеновски во МКЦ

од Vladimir Zorba

„Дела на хартија“ е прва самостојна изложба на Стефан Младеновски, апсолвент на Факултетот за ликовни уметности на одделот графика, која вечер од 20 часот ќе биде отворена во галеријата на Младинскиот културен центар.

На изложбата ќе бидат претставени 35 цртежи со кои Младеновски го преиспитува резултатот од редуктивниот избор со концепт од појдовната премиса: „мојот идентитет во моето творештво“.

-Стефан Младеновски со оваа своја прва самостојна изложба ветува дека и во иднина сериозно ќе се насочува кон надградба на ликовните умеења во доменот на цртежот и графиката. Верувам дека со оваа доследност со која сега ги евидентира апстрахираните, миметички обликувани предели, тука егзистирајќи како „миг на пријатна доволност“, и во следните изложби успешно ќе ги промовира авторските предиспозиции, кои секогаш, само преку творечката енергија, се пресоздаваат во своевидна анатомија на стварноста, наведува рецензентот проф. м-р Мирко Вујисиќ.

Стефан Младеновски (Крива Паланка, 1996) минатата година ја доби студентската награда за графика „Драгутин Аврамовски-Гуте“ и досега учествувал на неколку групни изложби и работилници.

Слични содржини