Делчевските играорци од Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ заминаа за Турција, каде неделава ќе настапат на Меѓународниот фолклорен фестивал, што се одржува во градот „Јалова“. Овој настап, како што информираше кореографот Зенил Реџепов, е прв од многубројните настапи кои во неколку балкански земји, друштвото ќе ги има летово.
