207
СДСМ оддаде почит кон една од најзначајните личности на македонската и словенска писменост Свети Климент Охридски.
Партиска делегација предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со потпретседателот Стефан Богоев и потпретседателот на СДММ, Петар Петковски положија цвеќе и оддадоа почит на ликот и делото на Свети Климент Охридски.
СДСМ на своевиден начин го продолжува безвременското просветителско, обединувачко и духовно дело на Свети Климент Охридски, со активната заштита, промоција и афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во Европа и светот, соопшти партијата на власт.