Делегации од Грција и САД разговараа за енергетска соработка

од Vlatko K
87 прегледи

Помошникот државен секретар на САД задолжен за енергетски извори Францис Р. Фанон ѝ честиташе на Грција за претстојното завршување на грчкиот дел од гасоводот ТАП, за изградбата што е во тек на интерконекторот Грција- Бугарија како и за планот за подобрување на интерконекцијата со Северна Македонија, за време на денешната прва средба на работните групи за енергетски прашања во рамките на стратешкиот дијалог Грција -САД, соопштуваат од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

На средбата во грчкото МНР на делегациите од двете земји предводени од заменикот министер за надворешни работи на Грција, Константинос Франкојанис и помшоникот државен секретар на САД за енергетски извори, Францис Р. Фанон била потврдена заложбата на Атина и Вашингтон за дополнително продлабочување на блиската билатерална соработка во енергетскиот сектор.

Двете делегации ја поздравиле улогата на Грција како столб на стабилност и регионален крстопат за транзит и снабдување со природен гас.

-Разговараа за можностите за американски приватни инвестиции во грчкиот енергетски сектор, за можностите што се појавуваат на пазарот на јаглеводороди како и за прошируавње на соработката во областа на обновлива енергија. За таа цел, и двете страни се обврзаа за обезбедување трансоарентност и фер конкуренција за дополнително да се охрабри инвестирањето во Грција, соопштуваат од грчкото МНР.

Втората средба во рамките на стратешкиот дијалог Грција- САД ќе се одржи наесен во Грција.