146
Направете сос од листови од ротквици.
СОСТОЈКИ:
80 гр. листови ротквица
60 мл. маслиново масло
1 чешне лук
20 гр. ореви
малку магдонос и сол
ПОДГОТОВКА:
Листовите се мијат и се ставаат со сите други состојки во блендер.
Се додава маслиново масло, се миксира да се изедначи.
Се чува во ладилник во стаклен сад неколку ден.
Супер е со риба, месо и тестенини.
Инаку, ротквиците спречуваат инфекции и вируси, а воедно и ги елиминираат сите отрови и токсини од телото.
Овој зеленчук има и антиканцерогено дејство.
Ако имате проблем со грлото исто така земете ротквица, а корисни се и за проблеми со стомакот.