Делириумот на Рама го опседнува Балканот

од desk3
64 прегледи

Етнос – Атина

Албанскиот премиер Еди Рама годинава не дава одговори на сите внатрешни проблеми на неговата земја, а тие се многу и не се неважни: сиромаштија, корупција, непрегледни плантажи со марихуана, од надвор внесен отпад кој се заканува да ја претвори Албанија во „депонијата на Европа“.

И наместо да одговори на нив, Еди Рама ја фрла топката по судовите (во овој слуачај надвор од албанските граници), инвестирајќи во еден иредентизам кој всушност предизвикува остри реакции не само во Грција, туку и во останатите земји на Балканот.

Serbia Albania

Ако има некое место кое е поблиско со Албанија, тогаш се разбира тоа е Косово. Но сега, на крајот на оваа 2016 година, дури и косовските Албанци искажуваат бунт против шовинистичките стремежи на албанскиот премиер и се дистанцираат од Тирана.

Приштина по се изгледа, ја отфрли позицијата на Еди Рама како надмена, неумерна, но и патерналистичка. Таа го обвинува 62-годишниот раководител дека се стреми да се претставува како вистински лидер на сите Албанци и за главен реализатор на сите албански прашања.

Албанскиот премиер се обидува да управува со напорите за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, и да „стави рака“ и врз самите косовски Албанци, факт кој всушност предизвика остри реакции во Приштина.

Демонстрирајќи несогласување, косовкиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај, неодамна изјави дека самото Косово е единствен политички фактор по прашањето за нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија. Тој подвлече дека „Албанија не е светски фактор, како САД или ЕУ, чија поддршка ја бара Косово“.

Впрочем, иредентистичките изјави на Рама природно продолжуваат да предизвикуваат реакции и во ПЈРМ (како што наведува весникот); Србија, Грција и на други места.

Дури и на фронтот на албанско-турските односи има затегнатост затоа што Ердоган ги притиска албанските власти да ги затворат образовните фондации на Ѓулен.

Но и спрема Грција, албанската страна продолжува да полага координирани усилби со цел да ги интернационализира своите иредентистички претензии. Таа инсистира да се отвори „прашањето за чамите“ за кои се обиде дури да ги пласира и како прашање за кое треба да се дабатира на меѓународни форуми.

Тој тоа го стори минатиот јуни кога раскошно побара набрзина да обезбеди политичка поддршка за своите албански приврзаници, но исто и во врска со антигрчкиот плакат кој го закачија за време на европското фудбалско првенство во Франција.

Во еден извештај, дури и се тврди дека во тие свои обиди коалицијата Рама-Идризи за свој сојузник ја има раководителката на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин, чиј сопруг бизнисмен се радува на поддршката од Еди Рама.

Но иредентистичките изјави на албанското раководство продложуваат.

На 20 октомври беше планирано обраќање на албанското министерство за надворешни работи во Минхен, на кое требало да биде отворео „прашањето за чамите“.

На таа средба било предвидено да учествува и косовскиот министер на дипломатијата Енвер Хоџај, кој всушност го одложи своето учество по телефонскиот разговор со грчкиот министер на дипломатијата, Никос Коѕиас.

Коѕиас, кој првпат се запозна со својот косовски колега на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септемрви, се поврзал со Хоџај и му ја изразил загрженоста на грчката страна. Загриженост која во даденот случај била слушната./МИА