Делови од телото на кои НИКАКО НЕ СМЕЕТЕ да нанесувате парфем

од Elena Daskalova
453 прегледи

Кај многумина парфемот е омилен козметички производ, а неговото нанесување е вистински ритуал за убавина. Можеби ви се чини невозможно неговото погрешно нанесување, но сепак, се случува и тоа.

Затоа, на овие делови од телото никогаш не ставајте парфем, колку и да ви изгледа тоа логично или потребно:

Коса

Косата природно апсорбира мириси па затоа на многумина им изгледа како добра идеја да распрскаат парфем врз неа. Но, ова треба да се избегнува, особено со парфемите врз база на алкохол. Наместо тоа, прснете еднаш врз четката за коса и исчешлајте се.

Дланки

Логично е да нанесете парфем на зглобовите на раката, но избегнувајте да го ставате на дланките. Најпрво, може сериозно да ви ја исуши кожата, а може да се случи и да ги протриете очите и да предизвикате ужасна иритација.

Пазуви

Под пазувите нанесувајте само дезодоранс или антиперспирант. Парфемот во допир со потните жлезди може да направи иритација на кожата.

Гениталии

Никако не ставајте парфем во интимното подрачје, дури ни ако е наменет за тоа. Последиците може да бидат многубројни, од непријатно пецкање па до инфекција со исцедок.

 

Слични содржини