Законодавниот дом на Република Северна Македонија се соочува со блокада на работата уште од 2020 година, од почетокот на мандатот на актуелниот состав. Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и ЛЕВИЦА ги бојкотират координаците кај претседателот Талат Џафери.
Пртеседатлот на Собранието изјави дека е потребно е да се ограничи Деловникот за работата на Собранието, и според него, доколку не се донесе нов Деловник, со оваа пракса и во иднина ќе ги има истите проблеми… Од друга страна за промената на собранискиот Деловник партиите долго време разговараат во рамки на процесот „Жан Моне.“
Координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески вели дека тие како партија се за промена на собранискиот деловник.
– Секако дека ќе подржиме нов Деловник. Активно сме вклучени во процесот „Жан Моне“ на кој се дебатира за сите работи поврзани со деловникот и се обидуваме да обезбедиме консензус за нов деловник, изјави Митрески за „Локално“.
Од друга страна, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вели дека за да не се блокира Собранието, треба да се почитува Деловникот и процедурите, а не да се интерпретира/толкува како што сака власта и Џафери.
– Имаме и во моментов актуелен Деловник кој што само треба да се почитува принципиелно. Видовте што се случи со Етичкиот кодекс, кога требаше да дискутираме прв пат, власта/мнозинството не го изгласа дневниот ред! Кога таквите девијации ќе ги нема, ќе нема и блокади на Собранието, изјави Мицевски за „Локално“.
Од Алијанса за Албанците велат дека за измената на собранискиот Деловник се разговара веќе четири години во рамките на процесот „Жан Моне“. Пристапот на Алијансата за Албанците во овој процес е конструктивен.
– Пристапот на Алијансата за Албанците во овој процес е конструктивен и со конкретни предлози да има подобар Деловник кој ќе овозможи поефикасно функционирање на Собранието и ќе ги елиминира сите можности за доброволно толкување на Деловникот според потребите на дневниот политиката или потребите на претседателот на Собранието. Мора да се направи разлика меѓу намерата за деблокирање на собранието и намерата за ограничување на слободата на изразување на пратениците. Не заборавајте дека Џафери е симбол на блокирањето на Собранието со неговата „активна блокада“ од пред неколку години, изјави за „Локално“, Сирија Рашиди – пратеник на Алијансата за Албанците.
Пратеникот на Движењето БЕСА, Фадил Зендели, вели дека неговата партија од почетокот на процесот „Жан Моне“ во Собранието има конструктивен и креативен пристап кон расправата за промена на Деловникот.
– Ние сме за промена на Деловникот во спорните точки – блокадата на собранието, собраниските процедури, начинот на водење на комисиите и пленарните седници, барајќи познати европски модалитети и практики за републичкото Собрание да ја реализира својата уставни функции. Но, во недостиг на иницијативи од раководството на Собранието, овој процес на дијалог „Жан Моне“ во овој парламентарен состав е закочен и не се знае кога и како ќе се одвива, изјави Зендели за „Локално“.
Блокирани закони, не е усвоен ниту Изборниот законик
Повеќе од десетина закони беа блокирани и пред почетокот на одморите на пратениците.
Законот за прекршоци е системски за кој е потребно да гласаат две третини од пратениците и е меѓу оние кои со години се чека на нивно усвојување.
Подолг период не се усвоени ниту Изборниот законик, законите за наставници во основно и средно образование кои се заглавени во ресорните комисии, како што беше и изборот на нови уставни судии.
Динамичноста на Собранието се зависи од работата на комисиите за законите да дојдат на дневен ред на пленарните седници.
Д.Ј.