Делта плус сојот не е детектиран во земјава

од Берта Китинска
258 прегледи

Според неделниот извештај на  Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од 15 до 21 ноември од Ковид-19 заболеле 2.929 лица, што е за 288 помалку од периодот меѓу 8 и 14 ноември.

Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (23,3%). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,6%).

-Кај сите секвенционирани примероци е докажана Делта варијантата, како и присуство на различни нејзини сублинии. Сублинијата позната како Делта плус не е детектирана кај ниту еден од секвенционираните примероци, велат од ИЈЗ.

Слични содржини