Делта сојот доминира во Македонија, во ОВИЕ градови има најмногу заразени

од Берта Китинска
339 прегледи

Во моментов во земјава најмногу активни случаи има во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп и Битола.

Според информациите на надлежните во државата доминира делта-сојот, додека новиот омикрон уште не е регистриран. Засега остануваат да важат истите мерки, а надлежните апелираат на помасовна вакцинација, која е единствениот спас од пандемијата.

Во Кавадарци, Неготино и Охрид има највисок опфат на вакцинирани со две дози, а најнизок во Дебар, Струмица и Гостивар.

Според надлежните, вакцинацијата останува единствен реален излез од епидемијава.

Трета доза од вакцината обезбедува заштита од „омикрон“

Прелиминарните лабораториски студии покажаа дека две дози од вакцината против коронавирусот на „Фајзер/БајонТек“ можеби нема да обезбедат доволна заштита од новиот вид на „омикрон“, но три дози може да го неутрализираат, соопштија двете компании во средата.

Примероците кај луѓе кои примиле две дози вакцина против Ковид-19 во просек имале повеќе од 25 пати намалена способност за неутрализирање на „омикрон“ во споредба со претходната форма на вирусот, „што сугерира дека две дози БНТ162б2 може да не е доволно за заштита од инфекција со сојот „омикрон“, велат производителите на вакцини, пренесува Си-Ен-Ен.

Сепак, тие истакнаа дека две дози сепак можат да обезбедат заштита од сериозно заболување.

„Иако две дози од вакцината сè уште можат да обезбедат заштита од потешка болест предизвикана од сојот „омикрон“, од прелиминарните податоци е јасно дека заштитата се подобрува со третата доза од нашата вакцина“, рече претседателот и извршен директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

„Осигурувањето дека што е можно повеќе луѓе се целосно вакцинирани со првите две дози и „бустер“ доза останува најдобриот начин на дејствување за да се спречи ширењето на КОВИД-19“, додаде тој.

Слични содржини