„Делта сојот ќе биде доминантен во следните месеци“

од Nikola Popovski
253 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) предвидува дека делта сојот на коронавирус, која е позаразен и одговара за повеќе од три четвртини од новите случаи на инфекција, ќе биде доминантен во многу земји во наредните месеци, објави денеска организацијата.

Оваа варијанта, која за првпат се појави во Индија, сега е присутна во 124 земји и територии, додека алфа сојот од Велика Британија е присутен во 180 земји, бета сојот од Јужна Африка во 130 и гама сојот од Бразил во 78 земји.

СЗО предвидува дека делтата делта сојот брзо ќе ги надмине другите варијанти на коронавирус и ќе биде доминантна варијанта во наредните месеци.

Организацијата предвидува и дека бројот на заболени од коронавирус ќе надмине 200 милиони во следните недели.

Причините наведени од СЗО се соевите на вирусот што се пренесуваат побрзо, укинување на мерките против епидемијата, поголема социјална интеракција и недоволен број на вакцинирани.

Слични содржини