Делта сојот на коронавирусот се шири ДВА ПАТИ ПОБРЗО меѓу невакцинираните

од Stefanija Kuzmanovska
436 прегледи

Најголемата закана за невакцинираните граѓани се новите соеви на вирусот САРС-КоВ-2, но тие не се заштитени ниту од првичната варијанта на короната, предупредува Билјана Мијовиќ, професор на Медицинскиот факултет во Фоча и епидемиолог на Институт за јавно здравство на РС.

Таа нагласува дека земјите се отворија, дека патуваме и дека патници од целиот свет доаѓаат кај нас, дека се опуштивме во смисла на користење маски и почитување на другите мерки за спречување на ширење на вирусот, пишува „Српскаинфо“.

– А вирусот циркулира, се шири, тој сè уште е присутен. Делта сојот ни се заканува, бидејќи се шири двојно побрзо меѓу невакцинираните отколку почетната варијанта на вирусот. Се смета дека еден заразен со делта сој може да зарази пет нови луѓе од неговата околина, а потоа инфекцијата постепено ќе се шири понатаму. Исто така, намалена е и чувствителноста на терапиите кои користат моноклонални антитела – објаснува д-р Мијовиќ за „Српскаинфо“.

Предупредува дека во иднина може да се случи да се појават уште поопасни мутации и вирусите да бидат отпорни на имунитет стекнат преку болест или вакцинација.

– Затоа сега е време да се бориме против вирусот со колективен имунитет, да се запре неговото ширење, а со тоа и неговите мутации. Вирусот мутира кога ќе се размножи, а се размножува во нас. Ако доволен број луѓе се имуни, вирусот нема каде да оди – посочува д-р Мијовиќ.

Слични содржини