280
Бројот на нови случаи на коронавирус во Грција рапидно расте, а позаразниот делта сој се шири рапидно, особено меѓу младите.
Според грчките медиуми, само на една забава во познатиот бар на плажа во Атина, биле заразени околу стотина млади, јавуваат грчките медиуми.
Затоа, најавени се нови ограничувања. Од утре, сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само доколку имаат места за седење.
Во последните 24 часа се регистрирани 1.797 новоинфицирани лица, од кои над 1.000 во поширокиот регион на Атика, а осум пациенти починаа.