Делумен карантин во Париз: Од утре се затвораат кафулињата

од Nikola Popovski
163 прегледи

Париз од вторник целосно ќе ги затвори сите кафулиња, бидејќи властите не можат да го спречат ширењето на вирусот. Ограничувањата ќе траат две недели, најави премиерот Жан Кастекс.

Франција во неделата пријавила 12.565 случаи на коронавирус, а градот Марсеј минатата недела веќе ги затворил баровите и рестораните.

Во Франција, нивото на предупредување порасна откако локалната стапка на инфекција надмина 250 на 100.000 луѓе и најмалку 30 проценти од креветите за интензивна нега се исполнети со пациенти со Ковид-19.

„Овие мерки, неопходни во борбата за сузбивање на ширењето на вирусот, ќе бидат применети на Париз и трите области кои директно го опкружуваат, за период од две недели“, објави Кабинетот на премиерот.

Ресторани и баровите за храна и алкохол можат да останат отворени се додека регистрираат контакт со клиенти и ги затвораат вратите во 22 часот.

На 26-ти септември, Марсеј ги затвори сите барови, ресторани и спортски сали за две недели. Музеите, театрите и кината исто така ќе бидат затворени, освен ако не презентираат строги мерки.

Само во саботата се регистрирани скоро 17 000 случаи во Франција, а владата тврди дека не сака да воведе блокада на национално ниво.

Слични содржини