Демант од МВР: Нема поврзаност на вработен во полицијата со запленетата дрога во Автокоманда

од Nikola Popovski
182 прегледи

Министерството за внатрешни работи ја демантира дезинформацијата што ја шират неколку интернет портали за некаква поврзаност на вработен во МВР со дрогата која беше пронајдена вчера (27.09) при претрес во подрумски простории во зграда во скопската населба Автокоманда.

Од МВР уверуваат дека станува збор за класична лага.

-Дрогата е пронајдена во координарана акција на повеќе организациски единици на МВР и тоа во узурпирани подрумски простории, при што е приведен сопственикот на дрогата, односно сторителот на кривичното дело. За акцијата е објавено и соопштение со фотографии од запленетата дрога. Спроведена е уште една од низата успешни акции во сузбивањето на нелегалната трговија со дрога, но очигледно е дека некому му пречат ваквите успешни акции и се обидува со вакви лаги да го наруши угледот на полициските службеници. Апелираме да не се шират дезинформации, стои во демантот на МВР.

Дел од порталите објавија дека во акцијата на МВР е уапсено едно лице, но, како што пишуваат, тоа не е високиот полициски функционер кој е сопственик на една од просториите каде е пронајдена дрогата.

Слични содржини