Деменција и параноја им се закануваат на првите астронаути кои ќе патуваат и ќе го населат Марс. Според новото истражување на влијанието на вселенските зраци кои ќе ги “бомбардираат” луѓето, ќе создадат сериозни проблеми при колонизација на црвената планета.

Проф. Чарлс Лимоли, кој е експерт за радијациона онкологија на Универзитетот во Калифорнија, открил дека вселенските зраци можат да имаат долготрајни негативни ефекти врз човечкиот мозок и тело.
Долготрајната изложеност на зрачење може да предизвика деменција и конгнитивни промени.
Ова може да доведе и до нарушено “чувство за опстанок” – процесот, кој им помага на луѓето да ги надминат страшните моменти во својот живот, како болката од раѓањето кај жените.
Веројатно е првите луѓе на Марс да развијат и параноја за време на долгиот лет, бидејќи човечката психа не е конфронтирана со слично патување од еволутивна гледна точка.
Астронаутите на Меѓународната вселенска станица поминуваат доста време во вселената, но тие се заштитени од Земјината магнетосфера која граби голем дел од штетните зраци.