Деми Ловато му се лути на Ник Џонас што не ја поканил на свадба

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Деми Ловато била вознемирена поради празниците не само поради нејзината зависност од дрога. Според британските таблоиди, таа е лута на Ник Џонас поради тоа што не доби покана за неговата спектакуларна свадба.

Според информациите во индиските медиуми, Пријанка Чопра била љубоморна на Ловато и не сакала да биде близу до нејзиниот сакан.

“Таа сака сé што е најдобро за него и за Пријанка, нема никаква расправија меѓу нив”, вели Космополитен.

Претходно оваа година, Деми престана да го следи Ник Џонас на Instagram, но продолжи да биде пријател со неговиот брат и нивните родители.

Ник Џонас и Деми Ловато со години се добри пријатели. И двајцата се снимаа во неколку филмови, направија заедничка турнеја, дури и излегуваа на кратко време, но кога нивната врска не функционираше, и двајцата престанаа да си се јавуваат.

“Ова е еден од оние случаи кога луѓето едноставно растат, се менуваат и се оддалечуваат”, изјави таа претходно во социјалните мрежи.

Токму на Божиќ Деми Ловато објави неколку мислења на Instagram со кои се заблагодари на фановите за поддршката и појасни дека ќе продолжи да се лекува, што е причината да одбива настапи.