Деми Мур скокна во креветот на Спајдермен

од desk3
89 прегледи

Холивудската актерка Деми Мур има блиски односи со помладиот колега Тоби Мегваер. Според гласините двојката, која имаше кратка, но бурна романса во 2002 година, повторно е заедно.

Деми го фатила ѕвездата од серијата “Спајдермен” на уште “потопло”, откако во октомври тој објави дека се разведува од сопругата Џенифер Мајр.

Штом го дознала тоа, 54-годишната Мур почнала да бомбардира Тоби со сексуални пораки. “Деми е вовлечена во Тоби. На неа нема да и треба многу време за да го запали огнот на нивните односи “, убеден е извор близок до актерката.