Демократски сојуз: Изборите поминаа во скандинавски стил

од desk4
 
Демократскиот сојуз оценува дека изборите во првиот изборен круг за Претседател на Република Северна Македонија, помина во мирна и демократска атмосфера, без инциденти или друг вид на нерегуларности, во денешното соопштение по затворањето на изборачките места.

.Денес победија граѓаните и денес е ден на ДЕМОКРАТИЈАТА.
ДИК и другите изборни органи и тела, како и државните институции, посебно МВР, одговорија на поставените задачи и заслужуваат признание.
Обврска на сите партии и државни институции, невладините организации, медиумите и граѓаните, на ист начин да дејствуваат и во вториот изборен круг, но неопходно е масовно излегување и гласање се со цел да избереме Претседател со висок легитимитет.

Слични содржини