Демократскиот сојуз на сите граѓани им ја честита Новата 2017 година

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Демократскиот сојуз на сите граѓани им ја честита Новата 2017 година, посакувајки им добро здравје, многу среќа, семеен мир и успеси.

Поминавме тешка година, со бројни неизвесности и пресврти, но сите заедно опстоивме на цврстата решеност и определба, за промени, стабилност, единство и сплотеност.

Годината пред нас ќе биде година на реформи, афирмирање на основните цивилизациски вредности, враќање на довербата во државата и градење на општество во кое човекот ќе биде во центарот на вниманието, како и солидарноста, меѓусебното почитување и респект на различноста.

Ги охрабруваме сите граѓани да не губат надеж за подобра иднина“, се вели во честитката на Демократскиот сојуз./Мета