Најмалку 55 лица беа повредени во Софија во средата вечерта, кога политичките противници на бугарскиот премиер Бојко Борисов се судрија со полицијата откако доби одобрение од парламентот за контроверзниот план за уставни измени, пренесе „Нова.рс“.

На крајот на напнатиот ден, судирите се интензивираа во текот на вечерта во бугарскиот главен град, каде демонстрантите час и половина фрлаа петарди, камења и шишиња кон полицијата, која ги штитеше зградите на владата и парламентот. Повици на организаторите за мир не одекнаа, па полициските сили ги истуркаа демонстрантите од поголемиот дел од плоштадот и уапсија 95 лица.
Дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата која употребила солзавец, а 35 лица биле уапсени. Демонстрантите фрлале и јајца, јаболка и ѓубре кон зградата на парламентот.
Шефот на градската полиција Георги Хаџијев изјави дека демонстрантите исто така туркале полициски возила.
Ова е прв ден обележан со насилство од почетокот на секојдневните антикорупциски протести на почетокот на јули. Демонстрантите, без оглед на политичката припадност, бараат оставка од владата и главниот обвинител Иван Гечев, кога го обвинуваат дека е поврзан со тајкуни.
Претседателот Румен Радев побара оставка од администрацијата на Борисов и побара од пратениците да го отфрлат планот за реформи на Уставот.