Демонстрантите со празни тенџериња го нападнаа Претседателот на Венецуела

од desk3
130 прегледи

Image_5745089_126

Тврдењата на претседателот на Венецуела Николас Мадуро, дека за сите неволји во земјата е виновен светскиот империјализам, веќе не најде разбирање меѓу гладниот народ, пренесува “Фокус”, повикувајќи се на Regnum. Посетата на Николас Мадуро на островот Маргарита за инспекција на државните објекти од социјално значење е завршено со бегство од налутената толпа. Толпата стигнала до претседателот, упатувала кон него вулгарности и удирале по празни тенџериња и тави. Во еден момент Мадуро се покажал опколен од незадоволните граѓани и дури се обидел да зборува со нив, но толпата не го слушала. Претседателот успеал да го напушти островот, а демонстрантите биле растерани од полицијата.