Демонстрантите во Хамбург го опколија хотелот во кој е сместена Меланија Трамп

од desk2
101 прегледи

Меланија Трамп, првата дама на САД, не може да излезе од хотелот во Хамбург затоа што е опколен од демонстрантите.


Таа требаше да присуствува на дружењето и собирот на сопругите на светските лидери кои ги организира Ангела Меркел, меѓутоа, како што велат портпаролите на Обединете нации, Меланија не можела да го напушти хотелот поради деномстрантите кои го опколиле.

Јоаким Сауер, сопругот на германската канцеларка, требаше Меланија заедно со другите сопруги на светските лидери да ја однесе на обиколка на Германскиот климатски центар во Хамбург.

Меланиј претходно изрази сочувство со повредените во немирите.

Стотици демонстранти во Хамбург се обидуваат да го нарушат почетокот на самитот на светските лидери и до сега се повредени 111 полицајци.