И вчера вечер во Србија имаше масовни протести и демонстрантите повторно побараа оставките на претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Бурнабич и претседателот на парламентот, Маја Гојковиќ.. Тие инсистираат и на промена на раководството на државната РТС.

 

Иницијатор на акцијата е организацијата “1 од 5 милиони”.

На почетокот на протестот зборува познатиот српски уметник Бранислав Лечич. Тој ги повтори барањата на демонстрантите и повика за организирање на слободни и фер избори во рок од 6 до 9 месеци. Лечич повика “цела Србија да се собере во Белград на 13 април и да протестира против режимот на Вучиќ”.

Во масата  се гледаа транспаренти со натписи: “Вучиќ, ти си завршил”, “Пленот на пензионерите не е реформа”, “Да не дозволиме стравот да стане професија”, “Добредојдовте во Дизниленд”, “Разбуди се Србија” и др. На протестот ечеше  хит “Пала  Влада” на Бајага.

Потоа, толпата се упати кон блокада на РТС, чии влезови беа оградени. Еден од демонстрантите им изјави на новинарите дека граѓаните сакаат медиумите да бидат слободни и властите да престанат да се обидуваат да ги  двојат луѓето. Тој објасни дека упадот  во зградата на РТС минатата сабота беше реакција на граѓаните против одбивањето на владата да ги слушне нивните барања.

Демонстрантите ги повикаа граѓаните да го изразат своето незадоволство од сегашниот режим со достоинство и култура. Демонстрантите бараат фер и слободни избори, слободни медиуми 6 до 9 месеци пред изборите, промена во државното раководство и објавување  на атентаторот  на лидерот на ОДИ Оливер Ивановиќ.