„Демостат“: Како „чадорот на НАТО“ ќе помогне да се спречи „протекување“ на лажни вести во С. Македонија?

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Дигиталната дезинформација е глобален предизвик, кој бара создавање на нови коалиции, нови одговори, алатки и стратегии за светот да се справи со неа. Феноменот на ширење лажни вести и дезинформации на социјалните мрежи и медиумите, кој се повеќе расте во светот и на кој С.Македонија не е имуна, ја наметнува потребата од координирана и одлучна акција против ваквите штетни појави за општеството и граѓаните.

Колку е сериозно прашањето за лажните вести и дезинформации во земјава може да се препознае од овонеделната изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој посочи дека сојузниците на НАТО се подготвени да и дадат на Северна Македонија, која се соочува со различни видови хибридни и сајбер напади, техничка поддршка и посилна соработка во борбата против дезинформациите, пишува „Демостат“.

– Ова се краткорочни и долгорочни чекори што НАТО и неговите сојузници можат да ги преземат за да ја поддржат Северна Македонија во нејзината одбрана од хибридните напади со кои се соочува. Неодамна разговарав за ова прашање со премиерот на Северна Македонија и секако дека НАТО е тука да им помогне и да ги поддржи сојузниците бидејќи ние сега даваме помош и поддршка за Северна Македонија која се соочува со различни видови хибридни и сајбер закани. – изјави Столтенберг.

Во меѓувреме, вреди да се напомене дека Центарот за стратешки комуникации при НАТО неодамна создаде интерактивна обука, која ќе им овозможи на граѓаните да пријават, проверуваат и анализираат информации за кои постои сомневање дека се лажни преку алатка и игра објавени на Фејсбук.

Оваа алатка на НАТО објавена на https://f2n2.mk/world-about-disinfo/ има за цел да ги поттикне читателите и социјалните фактори посовесно да ги користат социјалните мрежи, да читаат повнимателно и да анализираат за какви информации станува збор.

Според најавите на НАТО Центарот за стратешки комуникации објавени на веб-страницата со македонска поддршка „Светот за дезинформации во МК“, во иднина се планира да се подготви дополнителна софтверска рамка во одредени сектори и елементи во секоја земја членка на НАТО. вклучително и нашата која ќе има за цел да создаде посилна борба и спречување на оваа појава.

Накратко, се состои од секојдневно систематско следење на избрани програми од ТВ канали, социјални мрежи и интернет портали, преку употреба на различни алатки, развиени програми и софтвер со отворен код, кои ќе детектираат лажни вести и ќе придонесат за нивно сузбивање. Доверба во демократијата и демократските вредности преку сеопфатно и систематско следење на наративниот развој. Фокусот на алатката ќе биде на наративите на дезинформации (домашни и странски) кои се појавуваат околу клучните настани поврзани со евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Акронимот „F2N2“ на интернет порталот ќе се користи на три јазици, кои се веќе достапни на страницата, за да можат сите граѓани да откријат лажни вести и да ги пријават.

Слични содржини