Дендиас по посетата на Скопје вонредно ќе замине за Тирана

од Aleksandar Petrovski
254 прегледи

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас по денешната посета на Скопје, вонредно ќе замине за Тирана, поради земјотресот што ја погоди Албанија, а Грција со наредба на премиерот Кирјакос Мицотакис, ќе обезбеди помош за соседната земја, јави дописничката на МИА од Атина.

-Со наредба на премиерот, Грција итно ќе обезбеди помош за Албанија за справување со последиците од земјотресот што ја погоди земјата. Веќе стапив во контакт со министерот за цивилна заштита, Михалис Хрисохоидис, а од истата причина, вонредно ќе заминам за Тирана по мојата посета на Скопје, напиша Никос Дендиас на неговиот официјален „Твитер“ профил.

Слични содржини