Дендиас во Скопје на средба со Пендаровски, Ковачевски и Османи

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас од утре до среда ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, со цел и зајакнување на билатералните односи и изразување поддршка за ЕУ перспективата на регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас утре ќе биде во Тирана, во вторник во Сараево, а в среда во Скопје.

-Оваа турнеја е во рамките за зајакнување на билатералните односи, од една страна и од друга страна, да ги потсетиме сите, како во регионот, така и во Европската унија за важноста на овој регион, рече портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на редовниот
брифинг со новинарите во средата.

Шефот на грчката дипломатија в среда ќе биде во Скопје, а според Папајоану ќе оствари средби со претседателот, премиерот и министерот
за надворешни работи на Северна Македонија.

Слични содржини