274
Товарниот сообраќај на граничните премини на Македонија и Грција ќе биде целосно во прекин во следните два дена, а патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично.
Како што се наведува, товарниот сообраќај на граничните премини „Богородица-Евзони“, „Дојран-Дојрани“ и „Меџитлија-Ники“ ќе биде во целосен прекин од вторник на полноќ до среда на полноќ, освен за расипливи стоки, поради дводневниот штрајк на царинските служби во Грција.
Повикувајќи се на информации од грчката амбасада во Скопје, македонската Царинска управа објаснува дека патничкиот сообраќај ќе биде периодично дозволен, но дека точниот распоред не е познат и дека на патниците им се препорачува да избегнуваат движење во правец на овие гранични премини во овој период.