
Денес се очекува Бредли Менинг да биде ослободен од затвор, објави “Вашингтон пост”. Менинг беше осуден на 35 години затвор, откако стана јасно дека тој е изворот за огромното истекување на податоци од американската армија, кои подоцна беа објавени на порталот WikiLeaks.
Менинг последните 7 години ги мина во затвор. Во меѓувреме, тој започна процедури за промена на полот. Во моментов инсистира да го нарекуваат Челзи. Менинг беше помилуван од претседателот Барак Обама.
Сега тој ќе излезе 28 години пред истекот на казната. Менинг неколу пати се обиде да се самоубие во затвор. Неговите адвокати изјавија дека ќе направат се што е можно да му ги олеснат првите месеци, по излегувањето од затвор.
Доналд Трамп уште во предизборната кампања се изјасни дека е против неговото помилување.