Денеска попладне ќе заседаваат Извршниот и Централниот одбор на СДСМ.
Од таму посочуваат дека за во 18 часот е закажана седницата на Извршниот одбор, додека пак за во 20 часот ќе заседава и Централниот одбор.
Од СДСМ во изминатите денови информираа дека се водат секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство.