Денес ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ со температура до 42 степени: Владата донесе препораки и мерки за заштита

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец, известуваат од УХМР. УВ индексот ќе биде 10.

Утринските темпераури се движат од 17 до 22, додека дневните максимални соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 42 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец, при што температурата ќе се искачи до 40 степени.

Со тоа што земјата влегува во портокаловата фаза, од Владата соопштија дека стапуваат во сила препораките за намалување на ризиците од високите температури.

Во следните четири дена, бремените жени и лицата на возраст над 60 години се ослободени од работните обврски, децата во градинките не смеат да имаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор треба да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, а се препорачува и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот.

Согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките.

Кога станува збор за човековата толеранција на горештините, науката утврдила дека точката кога почнува опасноста е температура на воздухот од 40 степени Целзиусови. Ова се наведува во неодамнешниот извештај изработен врз база на истражувањето спроведено од тимот на професорот Луис Хелси од Универзитетот Рохемптон во Велика Британија.

Слични содржини