661
Денеска земјотрес со јачина од 3,9 степени го стресе Скопје.
Земјотресот кој се случи во 14 часот бил забележан и преку камерата која вршела пренос на фудбалскиот натпревар меѓу Работнички и Пелистер.
На видеото објавено на социјалните мрежи, може да се забележи тресење на камерата за време на преносот, а овој момент е и посочен и од коментаторот на натпреварот.