Денеска ден на жалост поради земјотресите во Турција и Сирија

од Nikola Popovski
153 прегледи

Владата на Северна Македонија го прогласи понеделник 13-ти февруари за ден на жалост во спомен на жртвите од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија.

Како што е соопштено, оваа одлука е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број човечки животи изгубени во катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и Арапската Република Сирија на 6 февруари.

За време на денешниот ден на жалост, се прецизира, државното знаме на Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје во земјата и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство.

На почетокот на вчерашната 130. седница на Владата на Северна Македонија им беше оддадена почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Владата на Димитар Ковачевски, се нагласува во соопштението, изразува длабоко сочувство за загубите на целиот турски народ и на роднините на загинатите во земјотресот во Турција и Сирија.

Слични содржини