Денеска ќе се решава како ќе ги преминуваме границите со соседите.
Одлуката за режимот на граничните премини со соседите за македонските граѓани беше најавена за изминатиот викенд, но сѐ уште е неизвесно кога и како ќе може со македонски пасош да се патува во странство – со или без задолжителен тест за ковид-19 .
„Анализата покажува дека целиот регион е во ист епидемиолошки ризик. Дискутиравме и, денеска, а ќе продолжиме и утре и ќе решиме. А денес разговараме и со министерствата за здравство во соседните земји. Дали и ние ќе бараме тестови ако при влез од некоја земја од нашите граѓани тоа се бара, тоа ќе биде една од темите. Има и други опции, на пример потпишување документи за следење, што на почетокот на кризата се практикуваше во авион“, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.