Денеска ќе бидат погребани ученици кои настрадаа во пукањето во училиштето на Врачар

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска ќе бидат погребани четири деца, кои беа убиени во пукањето во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар од страна на ученикот Коста К.(14).

Вчера беа погребани три жртви од селото Дубона, додека во саботата беа погребани 10 жртви од двата масакра.

Да потсетиме, Србија во изминатите денови беше погодена од трагедии кои се случија во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар и во селата кај Младеновац.

Најпрво во средата Коста К.(14) упаднал во училиштето и со истрели од пиштолот на татко му убил девет лица, а рани шестмина. Потоа повикал полиција и пријавил што направил. Полициски службеници објавија дека ученикот долго време го планирал делото и дека имал список со ученици кои планирал да ги ликвидира.

Еден ден подоцна, уште еден масакр ја снајде Србија. Урош Б. со истрели од автоматска пушка убил осум лица, а ранил 14.

Слични содржини