Денеска комеморација за штипјаните кои загинаа во пожарот во Кочани

од desk4
110 прегледи

Општина Штип објави дека ќе организира Комеморативна седница во чест на загинатите во трагичната несреќа во Кочани.

Како чин на почит и солидарност со семејствата на жртвите, комеморацијата ќе се одржи во големата сала на Домот на културата – НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип, денес, 21 март 2025 година, со почеток во 13:00 часот.

Општината истакна дека на овој начин се оддава вечен спомен на трагично загубените животи и се споделува тагата со нивните најблиски.