Специјалното јавно обвинителство обжалило 20 одлуки на кривичните совети, со кои беа одбиени барањата за притвор и мерките за претпазливост а беа определени поблаги мерки.

Како што информираат од СЈО, обжалени се одлуките за неизрекување на притвор за обвинетите во предметите „ТНТ“, „Триста“, „Тендери“, „Траекторија“, „Тотал“ и „Титаник 3“ со кои наместо притвор на обвинетите меѓу кои поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, новинарот Драган Павловиќ Латас, Кривичниот совет им ги одзеде пасошите.
Денеска најверојатно СЈО ќе поднесе жалба и по одлуката за „Титаник“, предмет во кој се бараше притвор за Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска.
По жалбите на СЈО одлучува Апелацискиот суд во рок од 48 часа.