Случајот „Триста” се однесува на набавка на 300 возила за потребите на МВР, односно за оштетување на државниот буџет за 453.570 евра

Денеска ќе се одржи првото судско рочиште за предметот „Триста” наСЈО.
„Обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникацииите (СЈО), означен како „Триста”, кој беше одобрен од Советот за оценка на обвинителен акт и врз основа на кој е оформен предмет, согласно АКМИС, по електронски пат е распореден за понатамошно постапување кај судијата Лидија Петровска од Одделот за гонење организиран криминал и корупција, која главната расправа ја закажа за 15 ноември 2017 година, во 10.30 часот, за кога се испратени покани за странките во постапката”, соопшти во почетокот на октомври Основниот суд Скопје 1. Судијка Лидија Петровска, веќе постапува во два предмети на СЈО, „Тврдина 2″ и „Транспортер”
Случајот „Триста” се однесува на набавка на 300 возила за потребите на МВР, односно за оштетување на државниот буџет за 453.570 евра, а за што е обвинет Ѓоко Поповски, помошник-министер во Министерството за внатрешни работи. Поповски, според СЈО, тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.
Судот ја надмина бариерата „ снимките како доказ“, па така „бомбите “ се прифатени како докази и за овој случај , но и за случаите „Тендери“, Насилство во Центар, „Топлик“, и „ТНТ“.