Денеска повеќе оздравени отколку новозаразени со ковид

од Берта Китинска
331 прегледи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи со КОВИД-19, шест починати и 998 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 813 случаи од Скопје се 549, Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, Гостивар и Велес – по 9, Гевгелија – 7, Кочани – 6, Ресен и Виница – по 5, Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 4, Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар – по 3, Демир Хисар – 2, Свети Николе и Валандово – по 1.

Од 998 оздравени пациенти од Скопје се 498, Прилеп – 105, Битола – 58, Охрид и Струмица – по 38, Велес – 27, Кичево – 22, Кавадарци – 21, Гевгелија и Валандово – по 20, Куманово и Ресен – по 18, Штип – 16, Неготино – 15, Крива Паланка – 11, Радовиш и Делчево – по 10, Свети Николе – 9, Македонски Брод – 8, Тетово и Богданци – по 7, Кочани – 6, Демир Хисар – 4, Гостивар и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2, Виница и Берово – по 1.

Слични содржини