Во текот на денешниот ден, министрите од претходната техничка влада ќе им ги предадат должностите на новите.
Довчерашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу ќе му ја предаде должноста на новоизбраниот Оливер Спасовски веќе утрово. Никола Димитров ќе ја прими долноста од Никола Попоски во 12:30 часот.
Во 12:30 часот и во Министерството за одбрана ќе се одржи Свеченост по повод примопредавање на должноста Министер за одбрана на Република Македонија. Пиштар Љутфиу- досегашен министер за образование и наука ќе и ја предаде министерската должност на новоизбраната министерка Рената Тренеска Дескоска. Во текот на денешниот ден би требало да се реализира примопредавањето на старите на Груевски со новите министри во владата на ЗАЕВ.