129
Во Собранието денеска ќе се одржи седница за пратенички прашања, наместо предвидената во четврток (30.03).
Како што информираат од Собранието, седницата се одржува денес на барање на Владата.
Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, а согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата.
Почетокот на денешната седница е закажан за 11 часот.