Денеска за католичкиот свет е Воскресение Христово Велигден

од Vladimir Zorba
169 прегледи

 

Денеска католиците ширум светот го слават најголемиот христијански празник, Воскресение Христово (Велигден).

јајца

Исус сам го оживеал своето мртво тело и на тој начин докажал дека Тој е Семожен Господ. Најголем доказ за своето божество дал кога излегол жив од гробот и се појавил пред својата мајка, заплашените пријатели и апостолите. Распнатиот и убиен Исус, воскреснал. Исчезнала темнината на Велики Петок и заблескало утрото на воскресението. Тоа светло веќе две илјади години на сите луѓе со добра волја им го покажува патот кон среќата и спасението.

Во сите католички храмови ноќеска  на полноќ биеја камбаните за да ја најават оваа најубава вест за човештвото

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов по повод празникот Велигден ја   упати следната  велигденска честитка:download (9)

– Драги браќа и сестри, Велигден е врв над сите празници, но сепак ќе споменам дека тоа не е сеќавање, тоа не е споменување на нешто што поминало, туку тоа е настан кој и денес овде ни се покажува, а тоа е дека Воскреснатиот Исус сака средба со секој од нас. За таа средба од негова страна е покажаната силна љубов кон секој човек, а од наша страна вера и доверба дека сме способни да веруваме во тој нов свет кој Тој го оствари во себе.

Христовото воскресение е темел на секоја човечка надеж и смисла на нашето постоење, бидејќи јасно ни говори дека овде на земјата, во оваа ограничено изнемоштено тело не сме сосема дома. Не очекува преобразба на телото и влез во царството на бесмртноста за кое Тој со своето Воскресение ни ја отвори вратата.

Ме радува фактот што во источната традиција нашите браќа во воскресно време се поздравуваат со зборовите на верата: Христос воскресе! Одговорот е вернички: Навистина воскресе! Така празнувајќи Велигден не го празнуваме на второто ниво, туку на првото а тоа е светот на верата. Затоа тој кој не е верник, всушност, не може да слави Воскресение.
Литургијата овие денови е обнова на нашата вера и предание на Бога за да можеме во светот да бидеме сведоци на Неговата присутност. Во тие мисли на сите христијани и тие кои сакаат да се придружат на нашето празнување, им го честитам денот во кој Христос започна во светот и во нас нов живот. Христос Воскресе!, се вели во велигденската честитка на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.

По тој повод за припадниците на католичката вероисповед во Република Македонија, понеделник 28-ми март е неработен ден, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Православните верници пак, Велигден оваа година ќе го чествуваат на 1-ви мај.