Денков поднесе оставка согласно минатогодишниот договор

од Vladimir Zorba

Бугарскиот премиер Николај Денков поднесе оставка, отворајќи го патот на неговиот коалициски партнер, партијата на десниот центар ГЕРБ, да ја води владата, во согласност со договорот постигнат по минатогодишните избори.

Партијата ГЕРБ и прозападниот блок на кој припаѓа Денков минатата година потпишаа договор според кој министерката за надворешни работи и поранешна еврокомесарка Марија Габриел ќе ја преземе премиерската функција откако Денков ќе го заврши својот деветмесечен мандат, пренесе Ројтерс.

Бугарската агенција БТА јави дека оставката на Денков ќе биде проследена до парламентот, но не прецизираше кога Габриел ќе положи заклетва.

Слични содржини